Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека стравува дека националистите би можеле да ја повторат Сребреница ако Киев добие контрола над границата во Донбас без да обезбеди гаранција за заштита на своите жители.
Тој ова го рече на состанокот на рускиот Совет за човекови права.
– Украинската страна секогаш го поставува прашањето – Дајте ни шанса да ги затвориме границите со војската. Замислувам што би се случило после тоа. Тоа би била Сребреница – рече Путин.
Тој додаде дека е познато како украинскиот претседател Володимир Зеленски разговара со националистите.
– Јасно е кој е таму силен. Што ќе се случи и кој ќе ги предводи тие националисти кога ќе влезат на таа територија без дадени гаранции за народот таму – рече Путин.
Според него, на вчерашниот состанок во Париз, тој и Зеленски се осврнале на тие прашања.
Фото: EPA/CHARLES PLATIAU/POOL