Тамара за грешката со химната: Не беше намерно, а ме мразеа толку многу!

На фестивалот „Кенга меџик“ во Албанија ја свои наградата за најдобар интернационален изведувач, а за тамошните медиуми даде интервју.

1145

Деновиве Tамара Тодевска ја издаде својата нова песна насловена како „Monsters“ (Чудовишта), а на фестивалот „Кенга меџик“ во Албанија ја свои наградата за најдобар интернационален изведувач.

Од Тирана, во интервју за Wiwibloggs пејачката прозборе и за нејзиниот настап каде ја згреши македонската химна.

„Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи… На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е првпат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија сè, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“, рекла пејачката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...