Миленко до ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот ви е за никаде!

Некогаш популарниот водител тврди дека е извршено мерење на рејтингот на партијата и на функционерите во неа и дека резултатите од тоа мерење се недостоинствени.

5927

Своевремено популарниот Миленко Неделковски на својот профил на Фејсбук објави статус во кој тврди дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во моментов ни оддалеку не се поволни за да се излезе на предвремени парламентарни избори.

Миленко пишува:

„А бе што не ги објавувате резултатите што викендов ги добивте од мерењето рејтинг на партијата и функционерите во неа?

Не ви се свиџаат? Не ви одговараат?

“Математички прецизно” е измерено дека резултатите не се ниту “достоинствено решение” за да се излезе на вонредни избори?

Испитаниците да не ти сакале ручеци со сашоордановци, вљубеници во британските политички подметачини (Скрипл), кодоши (Глумац) и бодигарди на командант Форина.

Дајте бе мерењата. Да видиме колкав ви е?“

Инаку, во неколку статуси по ред, Миленко Неделковски го обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, дека организира ручеци со видни личности од јавниот живот, жестоки критичари на оваа партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...