Агенцијата за остварување на правата на заедниците конституира Експертско советодавно тело кое ќе има цел да пренесе позитивни пракси од ЕУ за правата на помалубројните заедници, да ја подобри ефикасноста на АОПЗ, да помогне да се подобри видливоста на Агенцијата во државата и на меѓународен план.
Претседател на Експертското советодавно тело е Ерван Фуере, вонреден соработник за истражувања во Центарот за европски политки од Брисел и поранешен амбасадор на Европската унија во земјава, а негови членови Јагода Новак, експерт за човекови права и интеграција од Хрватска, Алесандро Симони, професор на Катедрата на правни науки на Универзитетот во Фиренца и тим лидер на проектот финансиран од Делегацијата на ЕУ во Скопје – „Зајакнување на демократијата преку остварување на правата на заедниците“, Џарлат Керни, национален експерт во Европската комисија за еднаквост во Северна Ирска и Кристина Џоносон, од Универзитетот во шведскиот град Малме.
Експертското советодавно тело се формира со поддршка на проектот „Зајакнување на демократијата преку остварување на правата на заедниците“ кој АОПЗ го реализира преку Европската Унија.
Екпертско советодавно тело ќе заседава периодично, а експертитe за работата и ангажманот нема да добиваат надоместок.