Мари Фредриксон, пејачката на славниот шведски поп-рок бенд „Роксет“ почина на 61-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, пејачката починала во понеделникот по долга и тешка болест.
„Со голема тага мора да ве информираме дека една од нашите најголеми и најомилени уметнички повеќе ја нема. Мари Фредриксон умре на 9 декември по долга болест“, напишало семејството во соопштението.
Мари, која зад себе ги остави сопругот и двете деца, претходно се лекуваше од тумор на мозокот. Во 2002 година ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот, откако се онесвестила додека џогирала со својот сопруг. Мари била подложена на операција отстранување на туморот.
Сепак, тоа не ја спречило да продолжи да работи на својата музика. Издала соло албуми во 2004., 2006. и 2008 година.
Ќе остане запаметена по хитовите „It must have been love“, „Joyride“, „The look“, „Listen to your heart“ и други.