Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски Боки 13 добил Решение од УЈП за присилна наплата на пари во износ од 5.906.150 денари, со дата од 4 декември, дознава Плусинфо.
Ставена е забрана за пренос на пари од сметката на Сојузот заради наплата на даночен долг и споредни даночни давачки до целосно намирување на долгот.
Главниот долг изнесува 4.961.442 денари, а каматата е 858.826 денари, плус две еднократни такси од по 42.941 денар.
Претходно, Управата за јавни приходи пратила Опомена до Меѓународен сојуз, но во наведениот рок долгот не бил исплатен. Поради тоа УЈП донела решение за присилна наплата на долгот.