Иако можете да најдете зелени и жолти јаболка во продавниците, црвените обично се најпопуларни. Сепак, се чини дека црвените наскоро ќе исчезнат од пазарот, јави Би-Би-Си, а климатските промени се виновни за тоа.
Бојата на јаболкото потекнува од нивоата на изразување на одредени гени во кората на јаболкото, откриле научниците. Дејвид Кегни, истражувач за растенија и храна во Нов Зеланд, објасни дека сетот ензими дејствуваат заедно за да претворат одредени молекули во пигменти, наречени антоцијанини.
Нивоата на тие ензими го контролираат факторот на транскрипција – протеин што го регулира изразниот ген – наречен MYB10, така што колку повеќе MYB10 има, толку е поцрвена кората.
За да добиете целосно црвено јаболко, температурите мора да останат ниски. Затоа што ако се искачат над 40 Целзиусови степени, нивото на MYB10 и на антоцијанинот паѓаат. Како што температурите растат, потешко е да се добие црвена боја на јаболко, откриваат земјоделците.
Сега има сè помалку и помалку варијанти, а додатоци често се користат на пазарот за да им се даде на јаболка вештачка боја.