Се договоривме со мојот сопруг да ги исплатиме парите. Парите ги извадивме преку нашата сметководителка, а дома ми ги донесе Ратка Камчева, мојата свекрва која, како што беше договорено, ние да дадеме 350.000 евра, а остатокот од 150.000 евра да го обезбеди Зоран Милевски – рече Ана Камчева на денешното рочиште за случајот „Рекет“ .
Камчева посведочи дека парите ги однела во домот на Бојан Јовановски каде што биле и Зоран Милевски, Бојан Јовановски и Катица Јанева, која седела во дневната соба.
Јанева ми напомена дека може да му отвори многу предмети на мојот сопруг и ми рече:
– Aко излезе овој разговор надвор од домот на Јовановски, ќе знае дека тоа сум го раскажала јас, зошто имала доверба во другите.
Камчева посведочи дека откако ги дала парите, нејзиниот сопруг бил пуштен во домашен притвор.
– Морам да признаам дека се плашев од Јанева да не отвори фингирани процеси против мојот сопруг, а дури подоцна сфатив дека специјален обвинител не е Катица, туку Бојан Јовановски кој имаше многу информации, рече Камчева.
На денешното судење се очекува да сведочи и сметководителката Бошковска, која дојде на рочиштетото.