Почина актерот Зоран Ранкиќ, познатиот Попара од хит серијата „Среќни луѓе“
Телевизискиот и театарски актер, писател и афористичар Зоран Ранкиќ почина на 84-годишна возраст во Белград по долго и тешко боледување, јавуваат српските медиуми. Ранкиќ починал во старски дом.
Во јавноста најмногу ќе остане запаметен како Никола Калабиќ од серијата „Последен чин“ и познатиот Попара од хит серијата „Среќни луѓе“.
Актерот, како што јавува РТС, пред десетина дена доживеал тежок мозочен удар, а имал и други здравствени проблеми.
Ранкиќ се остварил во бројни улоги во филмови и театарски претстави.
FOTO: Printskrin/RTS