Пендаровски за Зидојче цајтунг: Македонски војници ќе одат во мировна мисија во Африка

Пендаровски смета дека треба да постои можност новите членки на ЕУ во иднина да се исклучуваат од припадност во клубот доколку се оддалечат од демократските стандарди на Унијата.

601

Мал контингент македонските војници ќе земат учество во француските мировни мисии во Африка, соопшти шефот на државата Стево Пендаровски во интервју за Зидојче цајтунг. Тој предлага и условено членство во ЕУ.

– Се подготвуваме со еден мал контингент за учество во мисиите предводени од Франција во Африка – вели Пендаровски во интервјуто објавено денеска.

Пендаровски смета дека треба да постои можност новите членки на ЕУ во иднина да се исклучуваат од припадност во клубот доколку се оддалечат од демократските стандарди на Унијата.

– Зошто да не се исклучуваат новите членки доколку повторно се оддалечуваат од демократијата? – прашува Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...