Обвинителството отвори предмет за „бомбата“ за Камчев објавена на социјалните мрежи

Снимка во која наводно бизнисменот Орце Камчев бара примирје од семејството на премиерот Зоран Заев беше објавена на социјланите мрежи ден по сведочењето на Камчев во случајот „Рекет“.

899
ФОТО: МИА

Јавното обвинителство отвори предмет во врска со новообјавените аудио снимки на социјалните мрежи  поврзани со сведокот во случајот „Рекет“, бизнисменот Орце Камчев.

– Надлежен јавен обвинител во постапката ќе утврдува кој ја објавил содржината, идентитетот на лицата кои ја објавиле содржината на овие разговори и ги поставиле на социјалните мрежи, потоа идентитетот на лицата кои што разговараат и содржината на разговорите – изјави јавниот обвинител Љубомир Јовески за телевизија Телма.

Доказите кои ќе ги собере обвинителството ќе покажат и дали евентулано лицата од разговорите ќе бидат повикани да дадат исказ кај обвинител.

– Обвинителството ја отвори оваа постапка за да утврди дали токму во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело. Зависно од доказите и сознанијата до кои ќе се дојде во постапката, соодветно ќе се постапи. Се разбира доколку има потреба ќе се повикаат и лицата, но мислам во овој момент е прерано да се говори за конкретни лица – вели Јовески.

Снимка во која наводно бизнисменот Орце Камчев бара примирје од семејството на премиерот Зоран Заев беше објавена на социјланите мрежи ден по сведочењето на Камчев во случајот „Рекет“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...