Ист влез за мажи и жените во рестораните на Саудиска Арабија

Претходно, сите ресторани на Саудиска Арабија мораа да имаат посебни влезови за жени и мажи.

330

Рестораните во Саудиска Арабија повеќе нема да мора да имаат посебни влезови за жени и мажи, соопшти Министерството за локален развој и рурални работи. Портпаролот на министерството рече дека новите регулативи не се обврзувачки, што значи дека рестораните можат да задржат посебни влезови доколку сакаат сопствениците.

Тој не кажа дали ќе биде укината распределбата на седиштата за мажи и жени.

Претходно, сите ресторани на Саудиска Арабија мораа да имаат посебни влезови за жени и мажи.

Според строгите регулативи во Саудиска Арабија, на мажите и жените кои не се во роднински врски, не им е дозволено да бидат заедно на јавни места, а специјалната верска полиција е одговорна за почитување на тие правила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...