Димитров во Брисел побара одлука за преговори без одлагање

Тој имаше прва средба со комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји на која заеднички беше констатирано дека е крајно време да се донесе одлуката за отворање на пристапните преговори, со што исходот од октомврискот Совет на ЕУ може да се преточи во заеднички успех.

164

Се согласуваме со унапредување на преговарачкиот процес, но бараме носење на одлуката за почеток на преговорите без натамошно одлагање. Временската рамка е важна и со нетрпение ќе ги очекуваме предлозите на Европската Комисија.

Ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров по работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и МНР на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

– Немаме што да изгубиме од повеќе строгост во оценувањето ниту од враќање на „резервната клупа“ кога земјата не покажува резултати. Меѓутоа, ниту најдобрата методологија нема да може да го компензира отсуството на политичка волја. За тоа ни е потребен еднаков терен и јасни правила на игра кои ќе овозможат прифаќање на обврските, но и реално придвижување напред кон членство и конкретни бенефити по патот, доколку обврските задоволително се остваруваат. Северна Македонија со ЕУ реформите и разрешувајќи ги билатералните прашања со соседите веќе го пречекори прагот, тоа сите го признаваат, и очекува набрзо да ѝ се овозможи еднакво како и останатите да се докажува на европскиот пат. Нестрпливо очекуваме да го започнеме реформскиот натпревар. Европа без европската перспектива за зачленување на земјите од Западен Балкан нема да биде комфорно и пристојно место. Време е за лидерство бидејќи влоговите се високи – истакна Димитров.

Димитров, соопшти Минитерството за надворешни работи, порача дека и покрај неисполнетото ветување на октомврискиот Европски совет, владата го задржа фокусот на реформската агенда и интензивно работи на убедување на земјите членки дека отворањето на преговорите ќе биде заслужен чекор што ќе придонесе за одржување на реформскиот процес внатре во земјата и ќе послужи како охрабрување за останатите земји во регионот.

Тој имаше прва средба со комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји на која заеднички беше констатирано дека е крајно време да се донесе одлуката за отворање на пристапните преговори, со што исходот од октомврискот Совет на ЕУ може да се преточи во заеднички успех.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...