Потпишани три конвенции со кои земјава прифаќа дел од законодавството на ЕУ

Земјава е членка на 10-ет хашки конвенции: седум конвенции се наследени од СФРЈ, додека пак три беа ратификувани од осамостојувањето.

215

Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Хаг потпиша три меѓународни конвенции и еден протокол со што е направен уште еден чекор во поглед на хармонизацијата на законодавството со правото на ЕУ.

Станува збор за следните четири меѓународни инструменти на Хашката Конференција:

  • Kонвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата, од 19 октомври 1996 година,
  • Kонвенцијата за спогодбите за избор на суд, од 30 јуни 2005 година,
  • Kонвенцијата за меѓународно остварување на правата за издржување на детето и други облици на издржување на семејството, од 23 ноември 2007 година и
  • Протоколот за меродавното право кое ќе се применува на обврските за издршка, од 23 ноември 2007 година, информираат од Министерството за правда.

„Со потпишувањето на инструментот денеска се придружуваме на групата земји кои ја препознаваат конвенцијата како корисна алатка што им гарантира на странките дека спорот ќе се решава пред судот кој тие го избрале со спогодбата за избор на суд и дека истата таа пресуда ќе може да се признае и изврши во некоја од другите земји потписнички“, соопшти Министерството за правда.

Земјава е членка на 10-ет хашки конвенции: седум конвенции се наследени од СФРЈ, додека пак три беа ратификувани од осамостојувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...