Четириесет и деветгодишен скопјанец доби кривична пријава откако вчера на Фејсбук упати јавна закана против премиерот Зоран Заев, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што е соопштено, Секторот за компјутерски криминал се сомнева дека М.С. од Скопје сторил кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.
„Вчера по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон претседателот на владата, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено. За случајот е известен дежурен јавен обвинител“, појасни МВР.