Инсулин кој Министерството за здравство го уништи е со валидер рок и е произведен од најреномираната данска фирма, тврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Со ваквата постапка велат од опозицијата, најверојатно се сака да се распише нов тендер за фирма подобна за власта.
– Дел од инсулинот, кој што бил уништен на ден 5.12.2019 година, имал валиден рок на употреба до 6 и 7 месец 2020 година. Патем овој инсулин бил произведен од една од најреномираните компании НОВО НОРДИСК од Данска и оваа компанија стои како гаранција за квалитетот на производот. Ако за Mинистерството за здравство оваа компанија носи неквалитетни лекови со сомнително потекло, тогаш не знаеме која компанија произведува поквалитетен инсулин – рече на денешната прес-конференција Марија Андоновска.
Со тоа, додава Андоновска, паѓа во вода дека инсулинот бил неквалитетен но и другите тврдења на Минисрерството за здравство во врска со рокот и квалитетот на инсулинот како и тоа дека не е добар паралелниот увоз.
– Министерството за здравство и Филипче се фатени во лага. Документите покажуваат сомнеж дека се уништува здрав инсулин, за да има нов тендер кој ќе го добие некоја компанија блиска до власта.Овој инсулин можеше да заврши кај пациентите, но заврши уништен на отпад- реле Андоновска.
Таа побара надлежните институции веднаш да го проверат, како што рече, скандалот врден над еден милион евра.