Сојузот на Здруженија на Дијабетичари на Македонија (СЗДМ) ја поздравува одлуката на владата и на Министерството за здравство, за уништување на заостанатите количини на инсулини кои се чувале во Бирото за стокови резерви, а биле набавувани со Законот за паралелен увоз.
– Ваквите одлуки треба да продолжат се до уништување на последното инсулинско пенкало кое е со сомнителен квалитет од времето на паралелниот увоз, велат од Здружението.
Оттаму упатуваат и благодарност до Министерството за здравство за тоа што, како што велат, конечно лицата со дијабетес 123.850 во нашата држава, можат да бидат сигурни во квалитетот на инсулините кои се набавуваат со гаранција за квалитет на истите.