Заев: Бескомпромисна борба против корупцијата ќе постигнеме само со транспарентни и отчетни институции

Затоа е важно да започне постапката на проверка на имотот на судиите и обвинителите, колку може поскоро, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

212

Денеска нагласено потсетуваме дека случаите на корупција се најподмолните закани за општеството, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод Меѓународен ден за борба против корупцијата.

„Денес постои сериозна политичката волја и подготвеност за справување со корупцијата во нашата земја, верувам, како никогаш до сега. Тоа го докажавме во повеќе случаи кога во јавноста беа покренати сомневања за судир на интереси или несовесно работење кои ја отвораат портата за корупција. Бескомпромисна борба против корупцијата ќе постигнеме само со транспарентни и отчетни институции. Такви мора мора да бидат сите институции, вклучително и тие во судството и обвинителството. Со храбра антикорупциска комисија како што имаме сега, сите институции треба да покажат отпор кон корупцијата и кон конфликтот на интереси“, пишува Заев.

Во постот, премиерот, додава дека ако за тоа нема волја, или ако антикорупциските механизми се попречени на било кој начин оваа општествена болест ќе ги опфати сите витални делови на заедницата и ќе биде закана за нејзиниот развој.

„Затоа е важно да започне постапката на проверка на имотот на судиите и обвинителите, колку може поскоро. Важно е да се утврдат конфликтите на интереси и во правосудството. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе. Само со ангажираност и подготвеност на сите институции ќе успееме да ја запреме корупцијата“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...