Пред продажен објект на улицата Методија Митевски во Скопје, денеска во 17 часот полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот, соопшти СВР Скопје.
Како што потврдија за МИА од МВР, кон полицаецот бил испукан проектил од огнено оружје, при што тој се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.