Доделена државната награда „Свети Климент Охридски“

704

Во Парламентот денеска беше врачена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2019 година што се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.

За остварување во областа на воспитанието и образованието наградата му припадна на проф. д-р Агим Паљоска, албанолог.

Наградата за остварување во областа на културата и уметноста им беше доделена на писателот Димитар Башевски и Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.

Од името на добитниците се заблагодари писателот Димитар Башевски, кој рече дека наградата симболизира многу години работа и дела кои ги претставуваат нив.

– Убаво е што сред гласноста, бучавоста од партиски, политички, правни, сообраќајни и други гласови, ваквите прилики се еден момент каде вниманието се свртува кон нешто што е подолгорочно, кон нешто што трае подолго и што е поврзано со сфери како што се: културата, науката, образованието и други – рече Башевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...