Истражување на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со рејтинг од 21,4 отсто, СДСМ со 17,5

Истата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ е константа од јуни годинава, а кај владејачката СДСМ е падната за два отсто во период од шест месеци.

3956

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 6 декември 2019 на 1121 полнолетни испитаници на ниво на Македонија, во кое граѓаните ги изразија ставовите за поддршка на политичките партии.

„Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности“, соопшти ИПИС.

Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии, при што е прикажана генералната поддршка на политичките партии споредена со претходните две објавени истражувања, како и рејтингот кај етничките Македонци и Албанци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...