Се чека СЈО да дојде на дневен ред на Комисијата за политички систем

322

Со седум гласа „за“ Комисијата за политички систем не го усвои извештајот на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Александар Кирацовски, претседател на Комисијата за политички систем пред гласањето го одби предогот на опозицијата да се одложи расправата за извештајот на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка затоа што нема претставник од надлежната комисија и предожи Комисијата да не го гласа посочениот извештај.

Претходно, пратеникот Панчо Минов побара да се одложи расправата за извештајот затоа што на седницата нема претставник од надлежната комисија. Според опозицијата, во ваков случај е подобро да се расправа на некоја од наредните седници. Пратеникот Зоран Илиоски рече дека опозицијата не гласаше за предлогот да не се изгласа посоченоот извештај во отсуство на овластен претставник од принципиелни причини затоа што се работи за претставници кои се избрани од пратениците и кои треба да бидат присутни кога се расправа за извештаите за да нема отворени прашања.

Комисијата за политички систем денеска се очекува да расправа и за Извештајот на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година. Станува збор за шетмесечен извештај за работата на СЈО.

Извештајот за работата на Специјалното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци е последна точка на дневниот ред на Комисијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...