Ангеловска: МојДДВ #Моја награда ќе доделува по десет парични награди дневно

740

Со новата апликација МојДДВ #Моја награда која започнува од 15 декември, граѓаните освен што ќе можат да го остваруваат правото на поврат на 15 проценти од ДДВ, ќе можат да добијат и десет парични награди на дневно ниво. Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и можности да добијат награди.

Ова денеска го изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод саемот „Купи куќа, купи стан“.

-Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и еднакви можности да добијат парични награди. Ќе се доделуваат 10 парични награди на дневно ниво, четири награди од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, три награди од по 3 илјади денари, на месечно ниво ќе има 12 извлекувања за 15 награди по сто илјади денари, и ќе има две главни награди од по 3 милиони денари, рече Ангеловска.

Како што информира министерката, првото извлекување за главната награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.

-Со новата апликација граѓаните ќе може и да видат колкав е повратот што го имаат секој момент остварено, колку број на сметки скенирале, и секоја фискална сметка ќе биде потенцијално добитна бидејќи слоганот на кампањата е „Секоја сметка е важна“, рече Ангеловска.

Министерката додаде дека наградната игра е надоградување на проектот МојДДВ што е веќе успешен, и појасни дека главната цел на проектот е борба со сивата економија, да се стават граѓаните во улога на контролори, да бараат фискални смети и да пријавуваат кога има нерегуларност.

Дополнително, таа појасни дека граѓаните преку проектот МојДДВ веќе пријавуваат кога има нерегуларности, а со апдејтираната верзија на мобилната апликација, ќе имаат и посебно копче каде ќе можат уште полесно да пријават неегуларности за да потоа УЈП може да постапи.

Ангеловска истакна дека од Управата за јавни приходи е посочено сите граѓани да си ги проверат своите трансакциски сметки во мобилната апликација, а ако немаат трансакцјска сметка или е згрешена да ја апдејтираат за да може да им се изврши исплата на соодветна трансакциска сметка. Таа додаде дека има околу 5 илјади граѓани кои треба да си ги проверат и обноват трансакциски сметки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...