Во рамки на месецот на хуманитарната акција „Подари радост“, синоќа во Скопје во „Станица 26“, српскиот културно информативен центар СПОНА – Скопје беше домаќин на настан „Со музика и хуманост до потврдување на идентитетот“ во кој учествуваа членови на „Београдски синдикат“, Феѓа Димовиќ, Бошко Цирковиќ и Блажо Вујовиќ, а гостин беше и глумецот Тихомир Станиќ.
Во акцијата беа собрани повеќе од 40 илјади денари кои ќе се искористат за реновирање на куќа на социјално ранливо семејство во Општина Центар.