Пијаните ги ловите, а лудаците ви се шетаат пред нос

Тие нѐ убиваат секој ден. Секаде: на улиците, во продавниците, конференциите, стрелаат од малите екрани и ни ги зариваат своите пикадо стрелички во мозоците, газат луѓе од собраниската говорница или од претседателската канцеларија. Лудаците никој не ги лови.

2604

Немам ништо против парадниот лов на пијани вoзачи. Макар што знам дека е за потребите на полициските билтени. Друга смисла и функција- нема.
Но, што е со трезните лудаци!?

Тие нѐ убиваат секој ден. Секаде: на улиците, во продавниците, конференциите, стрелаат од малите екрани и ни ги зариваат своите пикадо стрелички во мозоците, газат луѓе од собраниската говорница или од претседателската канцеларија.
Лудаците никој не ги лови.

Можеби затоа што сз уште не е измислен лудомер: апаратче што на сомнителниот ќе може да му се пикне во газот или од уво до уво и ако на дисплејот се покаже пурпурна боја, полицаецот ќе знае дека човекот е скроз луд, ако е црвена – дека опасно е луд, ако е зелена – дека веднаш треба да му се одземе дозволата за управување со општото добро и да се отстрани од редовниот сообраќај на животот.

Велат дека во текот на клиничките испитувања, пучистот од Водно покажувал боја меѓу пурпурна и зелена, повеќе на каки, а тоа значи дека е крајно опасен кога е на слобода.
Па, сакам да прашам: кога ќе му се одземе дозволата за управување со „Македонија Гранд туризмо“ од два милиони коња?

(Фејсбук статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...