Сари: Не можеме да играме со Роналдо, Дибала и Игуаин во исто време

300
ФОТО: EPA / CIRO FUSCO

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, прокоментира дека тројцата офанзивни играчи на „бјанконерите“ Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и Гонзало Игуаин не можат да бидат на теренот во исто време.

Коментарот дојде по прашање на новинар, по разочарувачкото реми од 2:2 на стадионот „Алијанц“ против Сасуоло пред една недела.

Италијанскиот менаџер го остави Дибала на клупата, кој е во одлична форма, и донесе одлука да започне во напад со Роналдо и Игуаин.

– Многу е тешко во моментов да се игра со тројца во напад бидејќи секој од тројцата е различен тип напаѓач. Не можам да го натерам Дибала да не оди напред, додека Роналдо не е навикнат да игра премногу централно. Треба да направиме некои промени за да имаме повеќе играчи во шеснаесетникот – рече Сари.

Минатонеделното реми со Сасуоло значеше и второ место во пласманот за Јуве во Серија А. Овој викенд „старата дама“ ќе се соочи со многу посериозен тест откако екипата ќе го посети „Олимпико“ и ќе игра против Лацио. „Орлите“ се во одлична форма и моментално го заземаат третото место во пласманот, откако се во серија од 5 последователни успеси во Калчото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...