Пламенка Бојчева предложена за директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

320

Комисијата за прашања за изборите и именувањата на Собранието ќе му предложи директор на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер да биде Пламенка Бојчева, а нејзин заменик Блерим Исени.

За директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци е предложен Имер Алиу, а за заменик директор Игор Кузески. Комисијата ќе му предложи на Собранието директор на Агенција за квалитет во високо образование да биде Агим Рушити.

Поништен е огласот за избор на членови на Комисијата за дискриминација. Пратеничката Ивана Туфекчиќ предложи на првата наредна седница да биде распишан нов оглас. Имајќи ги предвид роковите и најавеното распуштање на Парламентот пред изборите, членовите на Комисијата рекоа дека ќе се обидат да изберат членови пред распуштањето.
Комисијата не избра член на Судскиот совет, а претседателот на Комисијата Илија Димовски кажа дека потпишал решенија за апанажа за поранешни функционери и тоа Асаф Адеми, Хазби Лика, Сухејл Фазлиу, Весел Мемеди.
Комисијата денеска му предложи на Собранието Максим Ацевски да биде главен државен ревизор.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...