Оценувањето на обвинителниот акт за настаните од 27 април одложен за 23 декември

208
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Одбраната од предметот за настаните од 27 април наместо да ги образложи приговорите на седницата за оцена на обвинителниот акт, побара изземање на еден судија-член на Советот за оцена, соопшти денеска Основниот кривичнен суд Скопје.

– По разгледување и ценење на барањето, претседателот на Судот го одби барањето како неосновано. Согласно член 36 ст. 7 од ЗКП: „Решението со кое се одбива барањето за изземање може да се побива со посебна жалба во рок од три дена на донесување на решението, а ако таквото решение е донесено по потврдено обвинение, тогаш само со жалба на пресудата“, се наведува во соопштението.

Советот за оцена го одложи дненешното рочиште за 23 декември со цел да се испочитува законски утврдениот рок за жалба на одбраната до повисокиот суд.

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...