Бизнисменот Јордан Камчев на денешното сведочење откри како Боки 13 и Сергеј Варошлија го малтретирале уредникот во „1ТВ“, Ацо Кабранов.
– Ноќе му се јавувале со мутирани гласови да му се закануваат, го терале да пријавува во полиција, за на крај Јовановски да излезе негов спасител – рече Камчев за да посведочи за монструозноста на групата која го рекетирала.
Тој претходно рече дека Боки 13 ја користел телевизијата 1 ТВ како маша за рекетирање на бизнисмени и дека направил „кланица“ додека специјалната обвинителка Катица Јанева глумела ангел.
– Тој го конструираше Инсајдер. Репризата ја гледаше кај мене – рече Камчев за Боки 13, како аргумент дека 1 ТВ била негова маша за изнуда.
Во тоа, додаде Камчев, му помагаа и еден уредник што пишува колумни и една уредничка во телевизијата.
Пишуваат:
Стојанка Митреска
Александра Митевска