Грција организира работен појадок во Брисел ЕУ – С. Македонија и Албанија

248

Работниот појадок што во понеделник го организира Грција во Брисел со шефовите на дипломатиите на земјите членки на унијата и на С. Македонија и Албанија е корисна можност за плоден дијалог и зајакнување на европската перспектива на двете земји,  рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека до сега над 18 шефови на дипломатиите од ЕУ го потврдиле присуството,  јави дописничката на МИА од Атина.

– Во понеделник наутро Грција организира во Брисел неформален работен појадок на Европската унија со министерот за надворешни работи на С. Македонија и вршителот на должност министер за надворешни работи на Албанија со порака зајакнување на поддршката на нивниот европски тек. Ќе биде корисна можност за плоден дијалог и сите присутни да разговараме и да ги изразиме позициите каде се наоѓаме. Присуството, веќе го потврдија над 18 министри за надворешни работи на унијата – рече Гениматас.

Во однос на посетата на Дендиас на Скопје и средбите со македонскиот државен врв, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, рече дека во фокусот на разговорите биле билатералните односи, европската перспектива на Северна Македонија и темите поврзани со регионот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...