Проверете дали УЈП ви го уплати повратот на ДДВ на вашата сметка

УЈП информира дека повратот од 15 отссто од ДДВ на трансакциските сметки на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, се однесува на периодот од три месеци јули, август и септември.

812

Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

УЈП информира дека повратот од 15 отссто од ДДВ на трансакциските сметки на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, се однесува на периодот од три месеци јули, август и септември.

„Досега е исплатен поврат кај 16.600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи“, соопшти УЈП.

Во првиот квартал од МојДДВ, се додава во соопштението, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Повратот од 15 отсто е во висина од 186.215.194 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...