Најстудено утрово во Берово – минус осум степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини претпладне со ниска облачност, магливо и постудено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд. Максималната температура од 4 до 12 степени.

75

Најстудено утрово било во Берово каде се измерени -8 степени и во Крива Паланка -6 степени и во Маврово биле измерени -4. Најтопло утрово било Охрид, Претор, Битола, Гевгелија, Дојран, каде се измерени два степени и во Прилеп три степени целзиусови.

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 6 сантиметри во Маврово и пет во Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини претпладне со ниска облачност, магливо и постудено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаба магла претпладне. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...