Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје, „пајак“ кренал 71 возило

Четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така санкционирани од сообраќајната полиција.

31

Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 13 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и пет нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престигнување.

Четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така санкционирани од сообраќајната полиција.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 71 возило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...