Уапсен струмичанец, превезувал 19 мигранти

59

Полициски службеници денеска го лишиле од слобода В.Г. од Струмица поради тоа што на магистралниот пат Штип – Велес, кај место викано „Три чешми“, штипско, во товарно возило „нисан“ превезувал 19 лица мигранти од Авганистан и од Пакистан.

Претходно, како што соопшти МВР, В.Г. не застанал на знак за запирање од полициските службеници и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и В.Г. бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...