Јовески: Засега нема истраги за судии

130
ФОТО: МИА

До овој момент нема отворено предистражни постапки за судии, ниту по тоа прашање е разговарано со јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција, изјави јавниот обвинител Љубомир Јовески, како одговор на новинарско прашање дали се водат предистраги за судии.

– Доколку некој од Обвинителството смета дека треба да се отворат одредени истраги за определени лица за тоа има можност да се обрати до јавното обвинителство – вели Јовески.

На денешната промоција на новата веб страница на јавното обвинителство, Јовески рече дека очекува до крајот на месецот и останатите десетина предмети од СЈО да се прераспределат во надлежност на соодветните обвинителства.

– Од сите предмети што Јавното обвинителство ги презеде од СЈО што се во постапка, како што и многупати кажав, првенствено сме насочени кон оние што се во фаза на судења, потоа од истрагите од кои требаше да се преземат определени дејствија од итна природа, каде што во разни постапки судовите бараа определени мислења. Тие истраги се распоредени и има еден дел истраги кои се уште не се распределени на надлежно постапување по обвинителствата. Тоа се некаде околу девет до десет. Очекувам дека до крајот на месецот и тие предмети ќе се прераспределат во надлежност на соодветни обвинителства – рече Јовески.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...