Владата со усогласен став настапува пред Венецијанска за законот за јазиците

235

Го усогласивме ставот согласно препораките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека владата пред Венецијанската комисија настапува со усогласен став направен согласно препораките Комисијата за Законот за употребата на јазиците, коишто целосно се почитуваат. Вицепремиерот Бујар Османи го презентира ставот денеска пред Венецијанската комисија.

Заев, кој денеска беше во посета на Волково, кажа дека ставот е целосно усогласен и оти нашиот одговор на препораките на Венецијанската комисија го изработиле Министерството за правда и неговиот кабинет и Кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

– Секако целото ова усогласување е согласно укажувањата на Венецијанската комисија кои треба до крај да ги испочитуваме. Тоа беше наше ветување уште кога го донесовме Законот за употреба на јазиците. И таму каде што Венецијанската комисија кажува дека тоа ќе наруши одредено друго право, кое исто така е врвно право, како што е правото на правда, секако треба да обрнеме внимание на тоа – рече премиерот додавајќи дека треба целосно да се почитуваат укажувањата на Венецијанската комисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...