Се сврши оскаровката Ема Стоун

Врската со режисерот Ема ја држеше надвор од очите на јавноста, сè додека заедно не се појавија на црвениот тепих.

1412

По две години врска американската актерка Ема Стоун и режисерот Дејв Мекери се свршија. Оваа вест Дејв ја сподели на Инстаграм, со фотографијата на која Ема го покажува бисерно дијамантскиот прстен.

Иако Ема сè уште не се огласила по тој повод, на фотографијата изгледаат многу среќно.

Ема и Дејв првпат се појавија во јавноста во 2017 година, а се запознале една година порано на снимањето на емисијата „Сабота вечер“ на која Дејв работи како еден од режисерите.

Во неодамнешното гостување кај водителката Елен Деџенерис, Ема признала дека сака да се омажи и да има деца, иако се згрозувала на спомнувањето на оваа тема во тинејџерскиот период, пренесува „Дејли мејл“.

Врската со режисерот Ема ја држеше надвор од очите на јавноста, сè додека заедно не се појавија на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Здружението на филмските актери.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...