Заев најави прочистување наместо ветинг во правосудството

263

Македонија нема да влезе во ветинг, ќе влезе во прочистување на правосудството, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Некој, вели тој, може тоа да го кажува како ветинг.

– Ние сме во сосема различна состојба од Албанија затоа согласно постојните закони каде што надлежност има Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, каде што надлежност има Антикорупциската комисија, УЈП заедно со Централниот депозитар, со Катастарот може да ја направи проверката, која што еве во моментов се прави врз нас, врз министрите во Владата. За мене се прави комплетно проверка на имот, на лична финансиска состојба, на моето семејство, тоа се прави и на министрите и тоа е добро, тоа е здраво. И сега треба да се прави и на судиите и на обвинителите на еден транспарентен начин согласно законите – истакна Заев.

Премиерот уште еднаш денеска ја повика ЕК да се вклучи во големи случаи и да прави комплетен мониторинг.

– Официјално како претседател на владата ја повикувам ЕК да го направи тоа заради тоа што тоа може да направи сериозен придонес во зајакнувањето на правната држава и владеењето на правото во државата – рече Заев.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...