Јавното обвинителство денеска ја промовираше новата интернет-страница, www.jorm.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески истакна дека со новата интернет-страница се зголемува транспарентноста во работењето на обвинителството што е значајно за поголема доверба на граѓаните во оваа институција.
– Корисниците на интернет-страницата ќе можат да најдат документи и правни акти од кривичната област и други релевантни податоци за нашата дејност. Наша обврска кон граѓаните за давање точни, проверени и релевантни информации придонесува не само за информирање, туку со тоа се стеснува и просторот за шпекулации и лажни вести – рече Јовески.
Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје истакна дека интернет-страница е дел од напорите за зајакнување на капацитетите на обвинителите за односите со јавноста.
– Отвореноста и транспарентноста се столбовите на демократијата и тие се потребни за граѓаните да имаат доверба во правната сигурност. Владеењето на правото не изискува само испорачување на правда, туку и почитување на правдата од оние кои ја испорачуваат. Затоа важно е да комуницирате со јавноста со цел правдата да може да се види – рече амбасадорот Која.
На денешната промоција на новата интернет-страница, државниот јавен обвинител Јовески на амбасадорот Која му врачи благодарница за соработката.
Новата интернет-страница на ЈОРСМ е овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје