Заев „бомбардиран“ во Волково (ВИДЕО)

Одговарајќи на вербалниот напад од група граѓани, кои критикуваа за неасфалтирани улици и недовршна канализација, премиерот забележа дека е очигледно дека станува збор за режија

4265

Група граѓани го „бомбадира“ со прашања и критики премиерот Зоран Заев во скопско Волково, каде што тој беше денеска во увид на градежни работи за изградба на спортска сала во  основното училиште „Јоаким Крчовски“, заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски и заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска.

По настанот во училиштето, граѓаните не му дозволија на премиерот да одговара на новинарски прашања, туку почнаа да му поставуваат прашања за проект за изградба на фекална канализација, кој бил згрешен. Заев рече дека се во тек правни постапки, ама дека продолжува спроведувањето на проектот. Групата граѓани потоа продолжи да довикува дека во населбата нема улици и дека има кал до колена.

-До каде се проширувањата и асфалтирањата на улиците, ништо немате исполнето – викаа граѓаните.

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски се обиде да ги смири граѓаните, објаснувајќи дека во последните две години се спроведени многу проекти за подобрување на инфраструктурата во општината, ама дека тој при доаѓањето на функцијата затекнал многу неповолни состојби.

Премерот им забележа на граѓаните дека е очигледно дека нивниот вербален напад е добро изрежиран и исцениран.

-Денеска сме дојдени за убава работа. Ваква исценирана претстава…. Само ќе ве упатам кај жената да прашате дали нејзината улица е асфалтирана. Асфалтирана е – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...