Советот за етика во медиумите ја осуди колумната на Тричковски на порталот Фронтлајн

865

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) донесе одлука дека интернет порталот Frontline.mk со текстот насловен „Флека на екранот“ на Бранко Тричковски го прекршил кодексот на новинарите.

Новинарот Бранко Героски поднесе жалба до СЕММ во која наведува дека текстот на Тричковски содржи говор на омраза, навреда и клевета. На барање на СЕММ да се изјасни по наводите во жалбата, Frontline.mk не одговорил.

Комисијата за жалби утврдила дека жалбата е основана и дека има прекршување на членовите 15 и 16 од Кодексот на новинарите. Комисијата едногласно одлучила дека е прекршен членот 16 кој гласи „Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различностите на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги своите колеги“.

Со мнозинство гласови Комисијата утврдила и прекршок на членот 15 од Кодексот кој гласи: „Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспоиво со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста“.

Комисијата на СЕММ го обврзува интернет порталот Frontline.mk да ја објави оваа одлука.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...