На улица “Митрополит Теодосиј Гологавов“ викендов од 22 до 1.30 часот Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата за брзо возење и организирање на трки во доцните вечерни часови исклучи 17 возила. Тие биле упатени на вонреден технички преглед, а на возачите им се задржани сообраќајните дозволи до завршување на техничкиот преглед, соопшти МВР.
МВР продолжува со засилени контроли на учесниците во сообраќајот.