Пејачката Никол Шерцингер (41) сите ги изненадила кога во Лондон во Ројал Алберт хол на доделувањето на Британските модни награди која ги слави најдобрите таленти во модната индустрија се појавила во друштво на поранешното момче, Луис Хамилтон (34).
Пејачката и седум години помладиот возач на Формула 1 биле во љубов од 2008. до 2015 година. Кога објавиле дека прекинуваат, многумина се шокираа, а сега британските медиуми шпекулираат дека Никол и Луис одлучиле да ги средат односите и повторно да бидат заедно…
Во февруари хакерите објавија видео на кое може да се види како ѕвездата на Формула 1 и Никол се бакнуваат и галат во кревет, пишува „Дејли мејл“.
Приватниот филм е снимен со мобилен телефон и не требало да осамне во јавноста, тврди пејачката. Снимката тогаш била погледната повеќе од 280.000 пати, а Никол била шокирана.
– Навистина не знам зошто некој тоа би го направил или ја објавил таа порно-снимка. Тоа е навистина грозно да го направиш. Бев шокирана – изјавила Никол на приватна забава кај Елтон Џон.
На почетокот на ноември, откако пред речиси десет години се разидоа, една од најпопуларните женски групи, „Пусикет долс“, повторно се собра. Првиот настап после собирањето го имаа во емисијата „Икс фактор“, каде Никол е членка на жирито. Девојките од групата биле многу возбудени, а Шерцингер нагласила дека ова е само почеток.