Казна од 50 евра за лице кое фрлило отпадна вода во Бардовци

1326

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице за испуштање на отпадни води на јавна површина во Бардовци, информира Општина Карпош.

– Инспекциските служби на Општина Карпош вчера го санкционираа ова лице кое беше забележано како фрла отпадни води од превозно средство, со што придонесува во загадување на животната средина. Општината ги интензивираше инспекциските контроли. Континуирано се врши надзор кај затворените депонии во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), во Бардовци (долж р. Лепенец), по течението на реката Вардар и на други покритични, јавни површини. Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат правилата и правилно да го одлагаат отпадот. Општина Карпош спроведува и информативна кампања за правилно фрлање на комуналниот, џебниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад – велат од Општината.

На овој линк граѓаните можат да се информираат: https://bit.ly/2RjmSN8 .

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...