Во сообраќајна несреќа во Северна Кореја загинаа 32 Кинези и четири севернокорејски државјани, а има и многу повредени, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Сударот се случил синоќ во провинцијата Северна Хвангхе, јужно од севернокорејската престолнина Пјонгјанг.
Кина и Северна Кореја делат долга граница, а Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја и кинеските туристи се меѓу најголемите групи на посетители на таа земја.