Нѐ очекува топла зима

1470
20160103 Sunday prv sneg zima paga sneg vrne sneg

Топла со натпросечни температури и врнежи во рамки на повеќегодишниот просек се очекува да биде оваа зима.

Според УХМР, очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како и на поголемиот дел од европскиот континент, така и во земјава.

Температурата на воздухот во декември, јануари и во февруари има поголема веројатност да биде натпросечна, со позитивно отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањата се очекува да бидат поизразени во источниот дел на земјата, каде што пак ќе има позитивно отстапување во однос на врнежите, кои во земјава се очекува да бидат просечни.

Овој месец температурата се очекува да биде над просечните вредности, а за врнежите постои поголема веројатност дека нема да ги достигнат просечните вредности. Во јануари температурата, исто така, има поголема веројатност за надминување на просекот, а веројатноста е најголема дека врнежите ќе бидат во рамките на просечните. Во февруари исто се очекуваат температури повисоки од просекот, кои не се очекува да надминат повеќе од еден степен, а врнежите во источниот дел може да го надминат просекот, додека во западниот дел ќе бидат потпросечни.

Просечната температура за зимата во периодот од 1981 до 2010 година се движи од минус 1,5 степен во Маврово до пет степени во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри измерени на метеоролошката станица во Лазарополе. Просечната температура за Скопје изнесува два степени, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

Од УХМР напоменуваат дека сезонските изгледи не можат да обезбедат детални информации за тоа дали ќе има интензивни краткотрајни временски непогоди, како зимски бури, екстремно студени периоди, екстремно влажни…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...