Пензионерот на вработените во телефонската компанија им се жалел дека компанијата не го испрочитувала неговиот договор, соопштила полицијата.
Полицијата од Токио навела дека го уапсила 71-годишниот Акитоши Окамота поради тоа што во период од осум дена на бесплатниот број за корисници на операторот КДДИ ѕвонел илјадници пати.
Медиумите пренесуваат дека пензионерот Акитоши упатил илјадници повици од јавна говорница во кои изразувал незадоволство од работата на компанијата и притоа ги навредувал вработените.
Барал вработените во КДДи да му се извинат поради непочитување на договорот. Исто така често ги прекинувал повиците веднаш откако ќе го добиел операторот, истакнале од полицијата.
– Акитоши е уапсен под сомнение за „дека без причини ја попречувал работата на операторот – изјавил портпаролот на полицијата.