Пешак и возач на патничко моторно возило загинале во две од вкупно 32 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 20 сообраќајки полесно биле повредени 23 лица, а во 10 била причинета материјална штета.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, а од сообраќај биле исклучени 478 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол. Четворица возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 14 возачи поминале на крстосница на црвено светло.