Анџелина Џоли во врска со нејзина колешка ФОТО

1678

Холивудската актерка Анџелина Џоли (44), повторно се нашла во центарот на медиумското внимание, но овојпат не поради филмските улоги туку поради неочекуваната романса.

Како што пишува американскиот таблоид „Woman’s Day“, познатата холивудска актерка Анџелина Џоли е во врска со својата колешка Еван Рејчел Вуд.

– Иако таа сака приватниот живот да го задржи за себе, на неколку блиски пријатели призна дека после разводот од Бред Пит, одлучила да заврши со машкиот род – рекол извор близок на актерката. Тој открил дека Анџелина наводно со сегашната партнерка се запознала пред 10 години на еден настан.

– Може слободно да се каже дека тоа беше љубов на прв поглед, но и двете тогаш се наоѓаа во среќни врски, па своите чувства мораа да ги потиснат. Но, на крајот сепак ги спои судбината и сега може да уживаат – рекол изворот.

За потсетување, Џоли во 90-тите години беше во врска со Џени Шимизу.

Image result for evan rachel wood

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...