Новитет и во Македонија: Прво апче против ХИВ вирусот, па секс!

Одредени ризични групи, пред да бидат изложени на ризично однесување, ќе може да ја примат оваа терапија, согласно светските протоколи. Тука станува збор за групата мажи кои имаат секс со мажи - појасни Филипче.

1197

Антиретровирусна терапија има доволно за лицата со ХИВ во земјата, ги преземавме обврските од Глобалниот Фонд на ОН. А бројот на новодетектираните случаи со ХИВ вирусот годинава, вкупно 57 лица, значи дека Програмата против ХИВ/СИДА и превентивните активности одлично функционираат, одговори денеска министерот за здравство, Венко Филипче на прашањето дали в година ќе има доволно терапија за лицата со ХИВ и дали со оглед на најновите 57 случаи со ХИВ/сида ќе има измени во Програмата, за да се зголемат превентивните активности, информирање за ризиците и друго.

Тој најави и новина во однос на тоа кој се во земјава ќе може да ја прима антиретровирусната терапија. Досега оваа терапија на Клиниката за инфективни болести имаа можност да ја добиваат дел од лицата кои се инфицирале со ХИВ вирусот и тоа зависно од резултатот за нивото на Т-клетките во крвта.

– Новитет е терапијата за одредени ризични групи, пред да бидат изложени на ризично однесување, тие ќе може да ја примат оваа терапија согласно светските протоколи. Тука станува збор за групата мажи кои имаат секс со мажи – појасни Филипче, но не прецизираше кога оваа новина ќе почне да се применува.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...